Една од најизведуваните македонски народни песни „Јовано, Јованке“ звучи малку поинаку и уште попривлечно во интерпретација на хрватскиот а-капела квинтет „Воксфорд“, чии вокални аранжмани на познати музички нумери имаат над 7 милиони прегледи на Тик-Ток и повеќе од 36.000 следбеници на социјалната мрежа.

За уникатната обработка на многу популарната песна од Македонија и надвор од нејзините граници се заслужни Дора Ќутиќ, Вита Јозиќ, Анте Нобило, Јосип Иванчевиќ и Давид Ропац.