Констатацијата на обвинителката Фатиме Фетаи пред Судот за сведочењето на Зоран Заев за случајот „Монструм“ дека „ниту материјалите доставени од негова страна, ниту, пак, неговиот исказ ја смени фактичката состојба од претходно“ е во спротивност со неговото тврдење во интервју за српски медиум од 2017 година.

За разлика од Фетаи, која побара ослободување на еден од обвинетите, поблага казна за друг и доживотен затвор за останатите тројца „како директни извршители“ на петкратното убиство кај Смилковско Езеро, лидерот на СДСМ во наведеното интервју тврдеше дека нема докази за нив, а имало сомнение за вмешаност на тогашната власт.