Како Заев лажеше дека „одличниот, европски Устав“ нема да се менува (ВИДЕО)

Во екот на притисокот одвнатре и однадвор за кој знае која по ред промена на македонскиот Устав заради впишување и на Бугарите во него – видео потсетување за „гаранциите“ што ги даде поранешниот премиер и бивш лидер на СДСМ, Зоран Заев, дека највисокиот законодавен акт нема да се менува.

Од даденото ветување пред парламентарните избори во декември 2016 година, кои Заев и неговата партија ги загубија, поминаа седум години, а Уставот претрпе промени само две години подоцна, по пропаднатиот референдум за името од 30 септември 2018 година…