За само две години народот на Мечкин Камен од организаторот, владата на СДСМ и ДУИ, е истуркан за околу 20 метри од патот по кој минуваат политичките делегации.

За разлика од претходно годинава присутните граѓани се наоѓаат далеку од политичарите веднаш на почетокот на шумата.

Пред две години присутните граѓани беа на само неколку метри од делегациите сега тие се на најмалку дваесетина метри од политичарите кои одат кон споменикот на Мечкин Камен.

И тогаш и сега владееше СДСМ но сегашната проценка на организаторите е дека народот треба да биде оддалечен на уште поголемо растојание од делегацијата која ја предводеше премиерот Ковачевски.

Логичен одговор за ваквата одлука треба да се бара во безбедносни проценки на владата дека ако народот е блиску до политичарите на власт може да дојде до инцидент.

Од видеото од годинешната прослава може сами да се уверите каде беше народот годинава

Од видеото на ТВ24 можете да видите каде беше народот на Мечкин Камен пред 2 години