Како за 100 дена пропаднаа 3 круцијални планови на Али Ахмети (АНАЛИЗА)

Како никогаш претходно во неговата политичка кариера за нешто повеќе од 100 денови пропаѓаат дури три круцијални политички планови на лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Последниот план

Последниот план на Ахмети со кој тој требаше да ја обезбеди својата нова победа на следните парламентарни избори пропадна минатата недела кога тој, како што тврдат извори во Алијансата за Албанците, отишол лично во седиштето на Таравари да му нуди коалиција.

Планот пропаднал откако Ахмети не успеал да го убеди градоначалникот на Гостивар да оди на заеднички листи со ДУИ.

Изворите во Алијанса го користат зборот ,,молел” за обидот на Ахмети да го убеди Таравари да биде на заедничка листа со ДУИ во сооднос два спрема еден односно на секои двајца сигурни пратеници од ДУИ Таравари да добие еден.

Практично ако ДУИ добие 10 пратеници АА да добие 5.

Во понудата на Ахмети била и позицијата технички премиер на што Таравари одговорил дека предлогот е добар ако биде премиер 4 години но не и за само 100 дена.

Вториот пропаднат план

Вториот план на Ахмети пропаднал уште пред еден месец кога високи членови на ДУИ се обиделе да вршат притисок врз судии во Врховниот суд за одлука која ќе го врати екс премиерот Никола Груевски назад во Македонија.

Планот кој требаше да го врати Груевски со цел да направи раздор во ВМРО-ДПМНЕ и да се намали предноста на Мицкоски за да не може да направи влада, го урна претседателката на Врховниот суд Беса Адеми.

Откако таа се пожали во американската амбасада во Скопје а амбасадорката Анџела Агелер го посети Врховниот суд и порача дека не смее да се врши притисок врз судиите луѓето од ДУИ се повлекле и од овој план и прогласиле капитулација за обидот за враќање на Груевски.

Првиот план што му пропадна на лидерот на ДУИ

Третиот политички план на Ахмети кој доживеа катастрофа повторно ја вклучува Алијанса за Албанците која беше дело од обидот на ДУИ да предизвика предвремени избори во Септември.

Тогаш планот на Ахмети бил градоначалникот на Струга кој од Јули е на црна листа на САД да си даде оставка, да се одржат предвремени парламентарни и локални избори за Струга заедно а на нив ДУИ да не кандидира свој човек.

Градоначалник во ова сценарио требаше да стане кандидат на Алијансата за Албанците а за возврат Таравари тебаш да му вети четиригодишна љубов на Ахмети во заедничката предизборна коалиција.

Овој план на Ахмети го одбил прво Таравари а потоа и Рамиз Мерко кој не сакал а се повлече од својата градоначалничка позиција без ветување и цврсти гаранции дека ќе биде рехабилитиран во новата влада што ДУИ не можеле да го ветат заради Вашингтон.

Извори во албанскиот блок кои брифираат за состојбите во ДУИ тврдат дека Ахмети има уште еден план со цел по секоја цена да го придобие Таравари за предизборен коалиционен сојузник.

Изворите тврдат дека Ахмети знае дека без Таравари не може да ја победи здружената албанска опозиција и со тоа ќе нема никаква позиција за влез во владата.

Затоа тој е подготвен на АА да им даде и 50/50 пратеници со цел Таравари да не оди сам ниту со БЕСА, Алтернатива и Движењето на Изет Меџити.

Овој план по посетата на Таравари на Приштина каде се сретна со Албин Курти е уште потежок за остварување затоа што Ахмети ни оддалеку го нема влијанието на Курти кој пак не е во добри односи со ДУИ.

Анкети

Бројките на анкетите покажуваат дека ДУИ без АА не може да освои повеќе од десетина пратенички места со што во најдобар случај ќе биде ,пата пата” со албанската опозиција.

Доколку успее да го добие Таравари со Донтовиот модел и двете партии може да добијат но и тука постои ризик при креирање на идната влада Алијанса да се одвои од ДУИ и да оди со Мицкоски, Касами, Гаши и Меџити.

Посебен проблем за Ахмети е што не знае уште колку необјавени афери има за неговите негови функционери ниту знае кој се од неговите соработници може да се најде на американската црна листа за која се шпекулираат три имиња од партијата.

Во меѓувреме Ахмети не успева да воспостави односи со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се репреговара принципот на победник со победник, кој за многумина е депласиран затоа што ДУИ според некои анкети дури и со Алијанса може да не биде победник во албанскиот блок.

Најчитани вести

Судир меѓу членовите на СДСМ и тензија меѓу крушевчани

Во Крушево почна битка за хотелот Монтана и црквата во дворот