Со доследно северничење на кое може да им позавиди и експремиерот Зоран Заев, во бугарските медиуми се билда атмосферата пред „натпреварот што е повеќе од фудбал“ со Македонија в четврток од 18 часот во Разград на стартот од Лигата на нациите.

Порталот „Дир.бг“, на пример, покрај педантното повторување на „Северна Македонија“, пишува за „северномакедонски национален тим“, но и за некакви „Северномакедонци“?!


Првиот меѓусебен дуел во некое натпреварување е закажан за в четврток од 18 часот во Разград, а во групата од дивизијата Ц се уште и Грузија, и Гибралтар.

Најуспешната селекција ќе избори фајналфор, од кој најдобриот ќе се пласира на следното Европско првенство.