На аеродромот во Далас во САД, два воени авиони од постар модел се судрија во воздух за време на аеромитинг.
Еден од двата авиони bil Боинг Б-17, американски тежок бомбардер од Втората светска војна кој се смета за еден од најпознатите бомбардери на сите времиња.
Се’ уште не е познато во каква состојба се пилотите и дали има повредени меѓу набљудувачите. Исто така, не е познато колку луѓе имало во овие два авиони.
