Како против заканите со бомби – Ковачевски на средби во МВР и МОН

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека денеска ќе има средба со министрите за внатрешни работи и за образование и наука за да се разгледаат дополнителни мерки за справување со лажните дојави за бомби.

Единствена цел на овие хибридни напади, како што рече, е внесување немир во земја членка на НАТО и додаде дека обврска на МВР е да ја гарантира и да ја обезбеди безбедноста на граѓаните.

„Согласно со процедурите, прописите и протоколите за борба против тероризам, бидејќи се работи за дојави за бомби, тие мора да спроведуваат процедури пропишани согласно закон, како и во сите други држави.

За да се спречи напуштање на училиштата, МВР и МОН секојдневно работат со цел да се изнајде начин како да се спроведат процедури кои ќе обезбедат сигурност дека се работи за лажна дојава на бомба, а децата да можат да посетуваат настава“, вели Ковачлевски.

„И јас сум родител и се соочувам со истите проблеми во однос на школувањето на децата. Не е нешто за што не знам што се случува, меѓутоа мора да верувате дека и МВР и МОН работат на решавање на овој проблем, рече премиерот.