Ова е коментарот на конгресменката Ненси Мејс која прашува како е можно да се изгуби авион.
„Како, по ѓаволите, губите F-35? Како тоа нема уред за следење? Што бараме сега? Јавноста да го најде и да го врати? праша таа.
Американските воени власти побарале помош од јавноста за пронаоѓање на борбен авион откако бил изгубен некаде над Јужна Каролина кога пилотот се катапултирал, пишува Гардијан.
Пилотот безбедно се катапултирал од F-35B Lightning II над Северен Чарлстон во неделата попладне по несреќа, соопштија воени претставници, а потрагата по неговиот исчезнат авион сега е фокусирана на две езера северно од Северен Чарлстон.
Врз основа на локацијата и планот за летање, F-35 Lightning II би можел да биде паднат некаде околу езерото Мултри или езерото Мерион. Двете езера се наоѓаат северно од Северен Чарлстон и таму сега е насочена потрагата.
