Нема ништо спорно во изборот на Нури Бајрами, член на новата Антикорупциска комисија, вели неговиот баџанак Талат Џафери, откако јавноста дозна дека сопругите на Бајрами и Џафери се сестри.
Одговарајќи на прашања на новинари претседателот на Собранието тврди дека баџанакот Бајрами бил избран во транспарентен процес во кој покрај пратенци учествувале и претставници на медиумите, невладини организации…
„Во тој контекст ќе ви одговарам. Како вашот колега новинар влезе во тој состав на Антикорупциска?“ , праша Џафери алудирајќи на изборот на новинарот Горан Трпеновски во новиот состав на Антикорупциска.
Во новиот состав на Комисијата се Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Горан Трпеноски, Салаи Шемши, и Билјана Ивановска која е претседател