Филмска брканица денеска беше снимена на улиците во унгарскиот град Дебрецин. На снимката може да се види како полицијата брка автомобил во кој се наоѓаат двајца Срби, кои претходно се обиделе да ограбат златарница.

Унгарската полиција по пријавата за напад и обид за грабеж веднаш тргнала во потрага по сторителите, кои бегале со жолтиот автомобил.
На видеото може да се види како полициските возила се обидуваат да го блокираат жолтиот автомобил од речиси сите страни. Возачот во паника удри во паркирани возила, по што двајцата почнаа да бегаат, но беа фатени од полицијата.

https://www.facebook.com/robertoabraham777
Како што соопшти унгарската полиција, двајца Срби влегле во златарницата и веднаш го нападнале продавачот, а еден од нив вперил и пиштол кон него. Потоа и двајцата почнале да го удираат и тепаат.

Разбојниците потоа се обиделе да го спакуваат накитот во црна торба, но на крајот морале да побегнат, па го оставиле и пиштолот и чантата.

46-годишен Србин и неговиот 37-годишен брат, осомничени за вооружен грабеж, на рочиштето признале се. Браќата се приведени, а поднесен е и предлог за нивно апсење.

Извор: Фактор.мк