Новинарката Тања Милевска, дописничка на Македонската информативна агенција (МИА) од Брисел, одново се „истакна“ на социјалните мрежи, овојпат со свој став за официјалното државно знаме на Република Македонија по стекнувањето на независноста.

„Како Македонка, не го одобрувам знамето што тие го веат“, реагира Милевска под објава на Твитер за протестот во Сиднеј против антиковид мерките со прикачено видео во кое се гледаат многу демонстранти со „стари македонски знамиња“, како што пишува авторот, со сонцето од Кутлеш.