Адвокатот и екс обвинител Војо Димоски укажува на драматична промена во ставот на премиерот за изборот на шефот на обвинителството за организиран криминал Ислам Абази.

Адвокатот објавува делови од два новинарски текста за промената на ставот на премиерот и забележува дека на 9 Ноември Ковачевски го честитал изборот на Абази без да наведе никаква забелешка а само 12 дена подоцна Ковачевски станал збунет од скандалозниот избор и гласање на сите обвинители.

Предходно и амбасадорката на САД Агелер рече дека е збунета од изборот на Абази по што и на Ковачевски му текна дека е збунет.

Шест месеци откако Ковачевски на чело на владата дал дозвола за македонски пасош на рускиот играч Александар Онишченко а новата амбасадорка на САД изрази изненадување за потегот на владата, Ковачевски сега бара истрага за случајот за кој предходно молчел.

Во македонскиот јазик има повеќе називи за луѓето кои брзо го менуваат својот став.