Пред бегството на Сашо Мијалков цели 28 часа имало комуникација меѓу повеќе институции кои сега сносат одговорност за бегството на екс шефот на УБК.

Целата хронологија според порталот Сдк.мк одела на следниов начин:

  • Обвинителството за организиран криминал во петокот навечер го известило МВР дека главната расправа „Тврдина – Таргет“ завршила. Таа информација не се дава за лична употреба, туку за полицијата да отвори очи и да ги набљудува обвинетите.
  • Обвинителството до тој момент немало сознанија дека првообвинетиот Мијалков, еден од најредовните обвинети во судските постапки воопшто, подготвува бегство. Но, МВР превентивно е известено.
  • Во саботата околу 12.30 часот Русковска од личен извор добила непотврдени сознанија дека сепак Сашо Мијалков ќе бега. Го известила усно Спасовски, а тој дури по три часа ѝ кажал сето тоа да го напише и да го достави како известување до МВР. Русковска отишла на работа, го напишала и го доставила официјалното известување до МВР.
  • По 22.30 часот Русковска добила известување од полиција со текст: „Имаме непотврдени информации дека лицето Сашо Мијалков подготвува бегство“. Практично, ѝ се вратил назад истиот текст што таа го напишала дента во 15.30 часот.
  • Русковска се јавила во Агенцијата за национална безбедност (новата УБК), а потоа и кај директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Сашо Тасевски, ѝ кажале дека немаат потврдени сознанија за бегство.
  • Утредента таа успеала да го најде нејзиниот извор дури напладне. Го распрашала од кои извори му е информацијата и во услови кога АНБ и БЈБ немаат никакво сознание, со обвинителите Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов одлучуваат сепак да бараат притвор за Мијалков.
  • Во меѓувреме, од МВР постојано стигаат известувања до тројцата обвинители: „Човекот е тука“.

Повеќе на овој линк