Дваесетина ден откако објави дека заменикот министер за внатрешни работи Назим Буши спиел во апартман вреден 20 илјади евра Албанската телевизија „Ора Њуз“ вечерва објави нов скандал во кој се вмешани високи претставници на власта во Македонија.
Како што објавуваат од редакцијата на „Ора ТВ“, лице, познато за редакцијата, поседува неколку снимени разговори од високи функционери на високи позиции во Македонија.
Според лицето кое ги поседува аудиоснимките поврзани со шверц на наркотици, постои спорна документирана комуникација на Трајче Заев, најблискиот бизнис партнер и роднина на екс премиерот Зоран Заев.
Откако Трајче Заев ја слушнал снимката му одговорил со кодирана порака на човекот кој што ги поседува аудиоснимките, објавува „Ора Њуз“.
Според информациите кои ги поседува телевизијата, во аудиоснимките во шверцот со наркотици вмешани се високи функционери од коалицијата СДСМ-ДУИ, а истовремено и познати имиња од МВР.
Како што пишуваат од истата редакција, постојат прислушкувани разговори кои покажуваат дека високи функционери во Макеоднија дирекно интервенирале за да ја неаправат неуспешна операцијата за битка против пверц со наркотици превземена од странски агенции.
Во Макеоднија се познати само две такви операции кои се водеа во координација со американската ДЕА, во едната беше уапсен возач на кланот Заеви и полициски началник од Прилеп близок на СДСМ а другата пропадна затоа што некој од врвот на МВР ги предупредил наркобосовите дека ќе бидат спасени.