Како ние да имаме доверба како пратеници кои што ги избрал народот, пратениците ја избрале владата а владата не сака со нас да сподели еден Нон пејпер кој што во декември бил испратен во Софија, праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на денешната собраниска комисија за надворешна политика, пренесе Плусинфо

„Како да ги изградиме тие позиции во кои што вие сте го напишале вашето мислење, стручно лице го дополнило тоа мислење а вие не ни давате ниту право, ниту доверба како пратеници да дадеме сугестија за тој Нон пејпер кои што сакаме да биде во согласност со Декларацијата која што ова собрание ја усвои.

Нас државата ни дава полна доверба со тоа што ни дава државни сертификати да имаме достап до секоја државна тајна, колку и да е класифициран тој документ, и ако државата ни дала доверба, тогаш зошто еден политичар кој што води државна институција, да не ни дава доверба. Еве можеби вие немате доверба во мене, можеби Никола Димитров нема доверба во вас, можеби граѓаните немаат доверба во владата, но зошто вие да немате доверба во пратеници на СДСМ и ДУИ, и тие се пратеници и ве гласале, со нив барем да споделите што има во тој Нон пејпер“ – вели Милошоски.

„Вие сега правите нов преседан каде што потврдувате дека има документ, дека истиот е неформален, во работна верзија, а ја ускратувате можноста пратеници во таа работна верзија да го дадат својот придонес, и мислам дека тоа е потценување на зрелоста, почитта и на довербата кон пратеници за која вие зборевте – додаде тој.

Милошоски истакна дека одлуката за преговори била условена бидејќи, како што рече тој, денеска немаше да се разговара на оваа тема, додавајќи дека Бујар Османи, Никола Димитров и Оливер Спасовски како тогашен технички министер на прес конференција пред македонската јавност изјавиле дека одлуката е без услов.