Уште пред министерката за култура да побара македонските уметници да прават весели дела се случија креативните комбинации на сценаристот и инфлуенсер Божидар Божиновски алијас Моџо Килингтон и водителот Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит.

Тие со малку сатира ја промовираа бугарската песна ,,Комбајна вршачка” како вистински летен хит барем на социјалните мрежи во Македонија.


Бугарската песна е стара 8 години и на Јутјуб има 2,8 милиони прегледи а во Македонија стана хит откако беше искористена како музичка сатирична подлога на прославата на владините функционери на забава во чест на Илинден.

Песната која според Македонската државна комисија за дискриминација би била прогласен за говор на омраза стана најсподелувана песна овие денови во Македонија.

Во песната меѓу другото се зборува и за ,,цигански чочеци”, што е навредливо за Ромите поради што оваа песна во Македонија може да биде забранета. Во Бугарија иако членка на ЕУ, не е говор на омраза ако за Ромите се користи навредливиот збор ,,Цигани”.

Музичката подлога во која се пее за Васко Жабата и Цеца Мецана на видеото од прославата на Ковачевски и неговата влада стана инстант хит на социјалните мрежи.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02wXiWqSE71H9uRtP3WVMtHKDMVwn1ZJmtCUJSQXVGQWeitttZ3qGRPfNgLK6Wz7pQl&id=603272137

Подоцна бугарската песна доби уште една монтирана популарна верзија.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02twShXoMKQg9cZjgQCM9VAej9xPXxeASNUN5RRtec8WFeC21HjUyuk76VAH3B91Tgl&id=1512444198

По третата верзија на бугарска песна како подлога на македонски видеа песната стана тема за многумина на социјалните мрежи.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02T3awmUbYdVMDBUuYaNtMCFKNcLTobjmQAKrTxXK6DgCm5CPveL3A4u68dTNzA92Nl&id=603272137

Оргиналот на бугарската група Оркестар Камчија веќе оди кон 3 милиони прегледи