Како “блескавата” Македонија стана проблем за ЕУ

Жестока дебата во Топ Тема на Телма кај новинарката Оливера Трајковска меѓу пратениците Фросина Ременска и Илија Димовски.

За разлика од пратеничката Ременска од СДСМ која во обид да ја одбрани владата бараше да се гледа големата слика и да се почека до октомври за датум за преговори пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во гостувањето во емисијата Топ Тема на телевизија Телма со конкретни забелешки.

За Димовски Македонија очигледно нешто погрешила бидејќи и покрај промената на името не доби датум за преговори во јуни како што тоа го ветуваше Зоран Заев.

Тој посочува дека тезата дека некој некому нешто ветил е прва која треба да се расчисти, односно треба да знаеме дали навистина некој му ветил датум за преговори на премиерот. Доколку навистина му ветиле такво нешто, Димовски потенцира дека јавноста треба да знае каде погрешила власта во Македонија за да сега не добиеме датум за преговори со Европската Унија.

“Прво тезата дека некој на некого му ветил нешто треба да се рачисти. Ако ние сме секојдневно бомбардирани со изјави од премиерот дали за германски медиуми, дали за наши, дали за други регионални медиуми дека Европа ветила.

Првото прашање што ќе го добие од мене премиерот кога ќе дојде во Собрание, ќе биде господине Заев кој ви вети? И за што ви вети?

Тоа е првата работа. И сега не се завршува работата и се отвора прашањето што во меѓувреме згреши Македонија што како што како што кажа премиерот за Франкфуртер Алемајне Цајтунг дека промената на името зар залудна ќе биде.

Што е тоа што Македонија не го направи или го згреши, или го промаши или направи некаков хаос, заради кој што после таков позитивен бран од меѓународната заедница виза ви Преспанскиот договор и промена на уставното име на Република Македонија наеднаш стана проблем”, прашува Димовски.

Одговорите од Ременска индиректни и во правец на генералната позиција на Владата дека Заев и министрите блескаат но без конкретни аргументи кои се резултатите на власта.