Пентагон објави видео од инцидентот со американски дрон над Црното Море, пренесува Ројтерс.

На него се гледа како руски воен авион многу се доближува до дронот и фрла гориво во негова близина, а по пресретнувањето била оштетена перка на дронот.

Декласифицираното видео, кое трае околу 40 секунди, е уредено од американската војска, но ги прикажува настаните во последователен редослед, соопшти Пентагон.

Русија ги отфрла американските обвинувања дека нејзините авиони презеле ризични дејствија во инцидентот во вторникот над Црното Море.