Аналитичарот Џевдет Хајредини реагира на неодамнешната колумна на министерот за финансии Фатмир Бесими во која вели дека треба“ да ја донесеме ЕУ дома!
„Единствена опција за нас е продолжување на нашата европска агенда има задачи кои треба да ги извршиме за станеме дел од овој сојуз, заснован врз вредностите на човековото достоинство, слободата, демократијата, еднаквоста, владеењето на правото и почитувањето на човековите права. Да ја донесеме ЕУ дома!“, се вели во колумната на министерот за финасии за 24.мк.
Хајредини, поранешен министер за финасии, на својот помлад колега му порачува:
„ЕУ не се донесува дома со колумни, со лотарија, казина, обложувалници, со продавање градежно земјиште во центарот на Скопје по 7 евра за квадратен метар и за едно евро во внатрешноста на блиски бизнисмени и роднини, со околу 2% годишен економски раст, со електрични централи на јаглен и мазут, со министри што не знаат колку им е платата…“
