Кај се наоѓа селото Радуша: во Германија, во Албанија? – Германско и албанско знаме има, но знаме и симболи на Македонија никаде!

„Не се наоѓаме пред германската амбасада, за да бараме виза, туку сме во Радушa, каде што пред неколку дена се појави германското знаме, да видиме која е причината за поставување на ова знаме во ова село.” – се истакнува во видео-репортажата на телевизијата на албански јазик Клан Македонија со наслов „Селото Радуша истакна германско знаме во знак на почит“.

Мнозинството од жителите на Радуша живеат и работат во Германија

Во својата репортажа ТВ Клан Македонија вели: „Поголемиот дел од младите се во странство, во Германија. Осумдесет проценти од младите се во Германија. Штом ќе го завршат средното училиште и ако не најдат излез, сите бегаат во странство. Сета младина си замина, не остана.“ – посочува Исен Ебиби, жител на Радуша.“

„Јас сум во Чешка, на граница со Германија.’ – вели друг жител-печалбар од ова село.“

„Запрашани како го коментираат поставувањето на знамето на Германија во селото, соговорниците во репортажата одговараат: ‘Тие им дадоа услови, сите работат таму.’ ‘Секако, во знак на почит кон германската држава.“

„Иако е вработен во Македонија, Џевдет Ебиби, уште еден од жителите на ова скопско село, нагласува дека не би се мислел двапати дали би одел да работи во Германија, ако би му се дала таква можност.“

„Истакнувањето на германското знаме е знак на почит, повеќето млади, но и членови на семејства се таму. Овде нема услови за живот: плата 300 евра, 100 евра плаќаме за струја, а кај се другите работи? На овие од Германија треба да им се постави и црвен тепих, а не само нивното германско знаме’. – смета Џевдет Ебиби.“

„Селото Радуша е оддалечено 17 километри од општина Сарај и според последниот попис брои близу 2000 жители. Но, повеќето од нив се иселиле во Германија и таму отвориле сопствени бизниси, особено во областа на гастрономијата.“

Инаку, радушани го истакнале знамето на државата Германија, а во нивното село постои и спомен-обележје на УЧК во вид на поголем црн двокрилест орел и со човечка фигура, што држи во раката знаме на Албанија. Но, во Радуша нема никаде знаме на Македонија, државата во која се наоѓа ова село, ниту други македонски државни симболи.