Состојбата на копретседателот на здружението „Шемето“ во Струга, Бекир Кадриески е стабилна и нема опасност по неговиот живот, пренесуваат бугарски медиуми повикувајќи се на соопштение од прес-центарот на Воено медицинската академија (ВМА) во Софија.



БНТ: Бекир Кадриовски тргнува за Софија, ќе се лекува на ВМА

По приемот во Академијата за медицински науки, направени се сите потребни тестови и консултации за да се разјасни неговата состојба.

Кадриески(45) за кој се потсетув дека бил нападнат во Струга од пет лица, во моментов има главоболка и крварење(!?).

Тој вчера замина во Софија со образложение дека стравува за сопствениот живот, пренесоа бугарски медиуми.

Бугарските социјалисти според Њуз.бг реагирале револтирани од уште едно кривично дело омраза против личност со бугарска самосвест во РСМ.