Каде водат идеите за ресетирање на балканските граници

Албанските политичари не се многу убедливи кога ја осудуваатг идејата за Голема Албанија како резултат на српската и руска пропаганда дизајнирана да негува страв од Албанија.

Фактите говорат сами за себе. Неодамнешниот статус на Фејсбук на косовскиот претседател Хашим Тачи природно предизвика контроверзии. Тачи соопшти дека на неодамнешниот состанок тој и албанскиот премиер Еди Рама разговарале за „неопходноста од целосно отворање на косовско-албанската граница и создавање на албански простор без граници под евроатлантски чадор”. Оваа област, додаде тој, треба да ја вклучи и областа во јужна Србија каде има етничко албанско мнозинство.

Албанците со години систематски водат политика на „национално обединување“, со цел да се создаде она што вообичаено се нарекува „Природна Албанија“ (поинаков начин да се каже Голема Албанија,за  да ги потиснат реакциите од соседните земји и силните геополитички играчи). Албанија и Косово веќе имаат заеднички амбасади и дипломатски мисии. Во 2014 година, албанската влада ги укина работните дозволи за етничките Албанци од Косово и Прешевската долина во Србија. Пред неколку дена, мерката беше проширена на етничките Албанци од Северна Македонија и од Црна Гора.

Засега, планот се чини оди во правец на создавање на албански Шенген, како што се случи со укинувањето на границите меѓу двете земји. Тие го туркаат (проектот) чекор по чекор, ризикувајќи реакција од  не-албанско население. Американскиот предлог за размена на земјиште меѓу Косово и Србија ги олеснува нивните планови за единствена албанска територија, бидејќи предвидува обединување на Косово со Прешевската долина, каде што населението е главно етнички албанско  – голем чекор кон обединување на етничките Албанци на целиот Балкан полуостров.

Српското раководство реагираше на забелешките на Тачи. Сепак, коментарите на претседателот Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, не се спротивставуваат на идејата за размена на територии. Ова е поради тоа што промените на границите на Косово ќе им олеснат на босанските Срби да се обединат со Србија, а во меѓувреме ќе воспостави контрола врз област во Косово на север од реката Ибар каде што живее мнозинско српско население.

На тој начин, Голема Србија ќе се појави заедно со Голема Албанија…. албанското и српското прашање би биле решени, но со ризик од поширок домино ефект. Германците се природно загрижени.

Извор: Катимерини