На крајот на прес конференцијата на која српскиот претседател Вучиќ и премиерот Заев ги промовираа 4680 вакцини донирани од Србија за Македонија се случил протоколарен гаф.

Имено како што може да се види од видеото на српската државна агенција Танјуг Заев по ракувањето со Вучиќ наместо кон својот тим тргнува заедно со српскиот тим чекорејќи зад Вучиќ.

Веднаш потоа откако протоколот на македонската делегација забележува дека Заев оди зад грбот на Вучиќ го повикуваат и тој се упатува кон македонската делегација.

Во дипломатскиот протокол кога еден лидер оди зад грбот на другиот тоа означува потчинетост, второстепеност и претставува дипломатски скандал.

Овој пат гафот не беше предизвикан од Вучиќ кој тргнува на вистинска страна туку од Заев кој од непознати причини оди кон српската делегација.

Гафот е забележан од твитерџија/твитерџика.