Каде исчезна Османи за средбата со специјалниот претставник на ЕУ за Косово?

Премиерот Зоран Заев, придружуван од заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Никола Димитров, вечерва имаше онлајн средба со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

На видео конференцијата не беше присутен и министерот за надворешни работи Бујар Османи кој предходно беше дел од владиниот тим кој разговараше со повеќе европски функционери.

По четирите онлајн средби и разговори на Заев, Димитров и Османи со високи претставници на ЕУ, шефот на дипломатијата не беше дел од разговорите со Лајчак кој е оперативецот на ЕУ кој бара решение за спорот меѓу Белград и Косово тема за која Османи е заинтересиран и како Албанец.

Дали Османи имал други неодложно обврски, дали не сакал да биде дел од средбата со Лајчак од други причини или пак од страна на ЕУ е побаран ваков формат на средбата, владата засега не објаснува.

Според владата на состанокот е изразена поддршка за напорите на Република Македонија во процесот на европските перспективи.

Владиниот тим за пропаганда тврди дека на средбата е Пренесено дека премиерот Заев ги има симпатиите и поддршката од европските институции за натамошен напредок на нашата држава, во духот на европските вредности.

Во краткиот твит на Лајчак за средбата не се спомнува зборот симпатии за Заев за кој зборува владиниот Пи-Ар тим.