Каде исчезна “големата меѓународна” поддршка за Заев

По победата на изборите за лидер на неговата партија на кои беше единствен кандидат премиерот Заев добил честитка само од неговиот бугарски колега Бојко Борисов, пишува екс пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

“Само “братот” Бојко му честиташе на Заев?
Каде исчезна големата меѓународна поддршка?”, прашува Димовски во контекст на тврдењата на СДСМ дека партијата и нивниот лидер имаат поддршка од многу европски и светски влади и функционери.

Борисов очекува наскоро Заев во име на Македонија да потпише анекс на договорот од 2017 година со кој ќе бидат задоволени бугарските барања за македонската нација, идентитет и јазик.