Каде гори? – Власта во нов налет по закон за 33 милиони евра за „Макпетрол“

По вчерашниот прекин на седницата власта повторно сака да се обиде да го помине на сила договорот со кој на Макпетрол ке му се дадат 33 милиони евра државни пари за што самата влада тврди дека вреди речиси двојно помалку.

По обидот кој доцна вчера го спречија пратениците на ВМРО ДПМНЕ денес спикерот Талат Џафери најавил дека, на христијанскиот празник Божик кој го слават католиците и протестантите, ке се работи до исцрпување на сите говорници без прекин.

Ако се пресмета бројот на пратеници на ВМРО ДПМНЕ и опозицијата и се помножи по бројот на минути плус неппходните паузи заради короната излегува дека треба без прекин да се работи преку 20 часа.

Седницата почна во 14.30 часот што значи дека цела ноќ и цело утро треба да се работи за да се доделат 33 милиони евра на Макпетрол која е сопственик на националната телевизија Телма.

Што е толку ургентно за власта овој спорен закон, против чии решенија се изјаснил и државниот правобранител, да се донесе на ваков брз и речиси насилен начин засега нема објаснување.