Каде е Сашо Мијалков, МВР не може да го најде еден час

МВР на барање на обвинителството веќе еден час го бара екс шефот на УБК Сашо Мијалков за да му врачи наредба за куќен притвор и да го обезбеди неговото присуство на изрекување на пресудата за Таргет Тврдина на 26 март.

Но Мијалков не е на две адреси на кои го бараат полицајците по налог на ЈО.

Полициски извори тврдат дека откако не бил најден во куќата на Водно полициски Алфи го барале и во хотелот Мериот но не бил ниту таму со што се отвара можноста да се распише меѓународна потерница по Мијалков.

МВР ја продолжува потрагата по обвинетиот кој се соочува со затвор во должина од 13 години за Таргет Тврдина.

Најнова вест

Мијалков го нема, МВР проверува возила на патот за Косово