На местото на трагедијата на запалениот автобус на Беса Транс биле пронајдени 44 тела, но останува дилемата каде е „осмиот преживеан“ откако еден од преживеаните тврди дека спасил 8 а не седум луѓе, изјави денеска портпаролката на главниот обвинител на Бугарија Сијка Милева, денеска на прес-конференција со заменик-јавниот обвинител на Бугарија Борислав Сарафов изјави дека
Таа информира дека во разговор со преживеаниот маж кој и раскажал како го скршил стаклото на автобусот и рекол дека спасил осум лица, а не седум.
„Ние пронајдовме 44 трупа, а тој категорично изјави дека се спасени осум лица. Јас му реков вие сте седум во болницата. И тој категорично ми рече не, ние се спасивме осум лица. Во текот на истрагата, беа пронајдени 44 трупа. Според податоците со кои располагаме, патувале 52 лица, ние пронајдовме 44 тела, а се хоспитализирани седум лица – четворица мажи и три жени. Останува големата загатка, каде е осмото лице. Работиме на таа верзија, не сакаме да шириме дезинформации, може да се работи и за лошо сеќавање на сведокот“, истакна Милева.
Според неа, сведокот бил испрашан од истражители во присуство на преведувач и тој повторно категорично тврдел дека се спасиле осум луѓе….
