Ја слушав претседателката на Уставниот суд фамозната судијка Добрила Кацарска чии судски недела се изучуваат на најдобрите американски правни школи кога студентите се учат ,,како не треба да се биде судија”.

Ја слушав и си мислев колку оваа судијка мисли дека се глупи и политичарите и новинарите и обичните граѓани. За дел од политичарите има право.


За бизарната споредба на случајот 27 април и влезот во Капитол која ја направи во некоја друга прилика, сега за тоа што таа го кажува, тоа што го мисли, тоа што и е дозволено да го направи од партиските штабови и тоа што реално може да го направи за измените на Кривичниот законик.

Кацарска денеска се обиде да се прикаже како чесна, принципиелна, достоинствена, но реално излезе манипулантка, за обидот вината за кривичниот законик да ја префрли кај опозицијата, но пред се нечесна.

Нечесна, затоа што наместо да раскажува гачки како овие подолу да го направи тоа што и е обврска и право.

,,Како долгогодишен судија од Кривичниот суд секако дека не се согласувам со вакви измени на КЗ, поготово не за вакви кривични дела. Но јас би кажала и нешто друго во тој поглед. Ако досега судиите имаа донесено пресуди по сите тие предмети, се сомневам дека ќе имаше вакви измени на КЗ. Според овие измени, според она што го читам во медиумите, бидејќи јас не ги работам тие предмети, секако дека ке има застарувања на поголем дел од овие предмети што се во Кривичниот суд, но не знам кои се и колку бидејќи јас не ги работам”, рече меѓу другото фамозната и контроверзната Кацарска која наместо да кажува гачки може да преземе иницијатива и да го спречи тоа што наводно и пречи.

Како претседателка на уставниот суд Кацарска има право по сопствена иницијатива уште во понеделник да поведе предмет за прогласување на промените на Кривичниот законик за неуставни.

Ако не може да најде уставна подлога за иницијативата нека се јави ќе и помогнеме и ние што не знаеме право ама знаеме логика и правда.

Ако нема храброст да ја исправи правдата нека не кажува гачки, нека ја троши огромната плата и нека се скрие од јавноста да не се срами кога кажува како не треба а не прави ништо да го спречи тоа.

П.С.

За тие што не знаат ,,Гачка” е вид кратка хумористична народна приказна во Македонија на границата на народна игра, блиска до гатанката, но поопширна од неа, наменета за забава и ведар дух.