„На 5.2.2022 година Антоанета (министерката Бисера Костадиновска Стојчевска) со својата службена картичка со народни пари купува 3 авионски карти за Дубаи во износ од 173.499 илјади денари.
Кога требала да замине на пат, таа не заминала. До последен момент не ги откажувала картите и парите пропаднале. Потоа ваквите фактури ги носела во Министерството за култура со цел да го оправда трошењето како репрезентации и патни трошоци“.
Ова го открива Миле Лефков, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во серијалот скандалозни трошоци на екс-министеркта за култура.
„Нејасно е ниту што точно требала Бисера Антоанета да прави во Дубаи?
И кои се последиците од непосетата? Или пак станува збор за желба за приватно шетање на државен трошок?
3.000 евра се пари со кои граѓаните живеат речиси цела година, а Антоанета ги трошела како да се пет денари. Утре продолжуваме со нови детали и нови патувања платени, а потоа не реализирани и откажани без образложение“, рече Лефков.