Јунакот Панде од Битола кој загина во битката за Нормандија

Битолчанецот Панде Матевски (1914-1944), е единствениот Македонец за кој се знае дека загинал во десантот во Нормандија во Втората светска војна,

Тојзаедно со таткото и брќата го напуштиле родното огниште и заминале во далечна Америка, во мир да го печалат парчето леб.


Но, таму ги пресретна друга војна.

До пред некоја година ретко кој битолчанец знаеше повеќе детали околу животот на овој битолски печалбар и војник во Америка. Само неговата гробницата подигната на Буковските гробишта, инаку единствена во Битола и лимениот сандак во неа сведочеа дека загинал на фронтот на 30 години.

На надгробната плоча врежан е натписот „паднал убиен во десантот во Нормандија како американски подофицер во јули 1944 година.“

Канцеларијата на децентрализирана соработка Долна Нормандија во Македонија, Асоцијација на агенции за локална демократија –АЛДА од Скопје пред четири години извршија теренско истражување и успеаја да ја разоткријат животната приказна на семејството Матевски.

Според изтражувањето, таткото Коста Матевски бил чевлар и имал дуќан во старата битолска чаршија, а мајката Фотина била домаќинка. Имале шест деца, од кои четири синови и две ќерки. Најстарата родена 1912 година била Ерефили, а потоа се родиле Петар, Панде, Александар, Анастас и на крај најмладата сеста Маријанти.

Таткото бегајќи од сиромаштијата, како и од војните кои ги преживеал Балканските и Првата светска војна, заминал во Америка.

Познато е дека во американската војска биле мобилизирани Панде и неговиот постар брат Петар. Според военото досие, кое го обезбеди АЛДА од САД, Панде живеел во Чикаго, Илиноис. Бил мобилизиран на самиот почеток на војната, на 13 мај 1941 година…

Бил учесник во десантот од самиот почеток, заедно со постариот брат Петар. Тие биле меѓу 156 000 сојузнички војници истоварени во Нормандија, дел со воени бродови, дел со падобрани. Панде преживеал месец дена на фронтот, а потоа загинал во крвваите битки. 

Целата сторијас ТУКА