Директорот на фирмата за градски превоз Слобода Превоз, Ленин Јовановски кој заедно со колегите приватни превозници беа обвинети од градоначалничката Данела Арсовска дека продаваат билети без да платат данок, го возвраќа ударот.

Откако Јовановски откри дека Арсовска лажно клеветела затоа што од 2017 година приватните превозници не продаваат билети сега во видео докажува дека ЈСП под контрола на Арсовска продава билети без издавање фискална сметка односно без да плати данок.

,,ВЕЛАТ НА ЛАГАТА И СЕ КРАТКИ НОЗЕТЕ
А ЈАС ВЕЛАМ НЕКОМУ Е КРАТОК ПАМЕТОТ, А ДОЛГ ЈАЗИКОТ”, пишува Јовановски објавувајќи видео.

,,Видео запис во автобус на ЈСП во кој нема фискален апарат, а возачот ми продаде билет за кеш без да ми издаде фискална сметка.
Ова нешто е пракса во СЕКОЈ автобус на ЈСП , каде возачите од директорот на ЈСП се принудени ова незаконито продавање да го прават баш вака”, пишува Јовановски обраќајќи и се на Арсовска: И сеа МАЌЕО шу праиме ?

,,КРАДЕЦОТ ВИКАЛ НА ЦЕЛ ГЛАС ДРЖТЕ ГО КРАДЕЦОТ !!!”, пишува Јовановски за Арсовска.

Видеото на овој линк

https://www.facebook.com/100000101814329/posts/pfbid02MrZHD5xfQxZqJtUpJuKc3avysxzx93uy1LRwCW5uhq5ctND2ZJsEBM33vHw1pRi2l/?mibextid=Nif5oz