ЈСП ќе пушти повеќе автобуси, но…

Директорот на ЈСП вели дека претпријатието е подготвено да пушти повеќе автобуси, но дека бројот на патници е намален, а претпријатието вече има загуби од 4 милиони евра.

„Ние сме подготвени да пуштиме во секој момент повеќе автобуси и да го испочитуваме договореното со Комисијата за заразни болести. Ние претходно, на почетокот, возевме со 50 отсто. Сега на некои линии возиме со саботен возен ред, а на ударните линии возиме со делнички летен возен ред. Отприлика пуштаме 180 автобуси. Во нормални услови сме пуштале по 283 автобуси“, изјави директорот Кристијан Чушков за ТВ 24.

Според Чушков, според бројот на валидации, многу ретко се случува во некои автобуси да има повеќе од 70 патници и тоа во раните утрински часови кога се оди на работа, но тоа многу ретко се случувало.

Тој вели дека загубата на ЈСП е околу 4 милиони евра и се чека помош од Владата со ребалансот на буџетот, со цел да се затворат некои долгови.