Град Скопје информира дека автобуси на ЈСП Скопје ќе сообраќаат на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 сообраќаат редовно и без задоцнување, откако приватниот презоник „Слобода превоз“ денеска најави штрајк поради неисплатениот долг од Градот кон оваа компанија..
„Приватниот превозник „Слобода превоз“ има обврска да ги почитува договорените обврски од јавен интерес, се вели во соопштението на Град Скопје..
„Во последниот месец се оценува квалитетот на работењето на приватнитте превозници согласно индикаторите за квалитет на работењето (редовност, хигиена, валидација на билети) поради се почестите поплаки на граѓаните за квалитетот на превозот од страна на приватните превозници“, соопштуваат од Град Скопје.
