Јануарската сметка за струја на штипското комунално претпријатие „Исар” изнесува 19 милиони денари или за два милиони денари е повисока од месечните приходи на ова комунално претпријатие.
Директорот на јП „Исар”-Штип, Трајче Здравков за МИА вели дека месечните приходи од 17 милиони денари им се за плати, тековно одржување на системот за водоснабдување, собирање на смет, чистење, како и исплатата на кредитот кон Министерството за финансии.
„Со оваа сметка за струја ЈП „Исар”-Штип дополнително ќе се втурне во уште поголема криза. Ако земеме просечно дека ние ЈП „Исар” има месечни просечни приходи од 17 милиони денари. Тоа значи дека сметката за струја е два милиони денари поголема од нашите приходи. Жално е што и ако досега апелиравме повеќе пати и се знаеше дека ова ќе се случи од страна на институциите немаше реакција, вели Здравков.
