Јовановски за Делчев: Слава ти апостоле и прости ни! Котевци колку сакаш и не само од Руља

Актерот Владо Јовановски со објава на Фејсбук за Гоце Делчев, која потсетува на славната мисла на апостолот на македонската револуционерна борба дека „не познава друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови-изроди од македонскиот“.

„Денес 04. мај сите сме Гоце!

Слава Ти апостоле!

Слава Ти и прости ни, зашто и денес има по некој ‘Коте’.

Котевци колку сакаш и не само од Руља“, објави Јовановски покрај споделувањето на својот ФБ-статус од пред една година:

„Една од најголемите лаги е дека Гоце Делчев умрел на денешен ден.

Тоа е чиста невистина. Точно е дека го предале и го стрелале, ама тоа не значи дека умрел!

Жив е Гоце, многу пожив е од порано. Хероите не умираат!

Вечна Ти слава апостоле!“.