Актерот Владо Јовановски, еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, реагира под фотографијата на профилот на Фејсбук на „соборецот“ Богдан Илиевски, на која е овековечена средбата со Јане Ченто на неговите први слободни денови по шест години затвор за настаните од 27 април 2017 година.
„Од едно зрно клас, од еден клас многу класје, а од нив нива цела. Само обединети Македонци, Македонци кои не си ги вадат очите, можат да си ја зачуваат татковината.
Од нешто треба да се почне. А тоа е: СЛОБОДА ЗА БРАНИТЕЛИТЕ НА УСТАВОТ НА Р. МАКЕДОНИЈА!
Во спротивно, сите ќе бидеме губитници/чергари“, коментира Јовановски под фотографијата на која се уште Игор Дурловски и Борис Дамовски.
Петтемина беа затворени и судени за упадот во Собранието, кога Талат Џафери беше „избран“ за спикер со кршење на Уставот, Деловникот и законите, а правнукот на првиот претседател на Македонија сè уште ја отслужува казната од 13 години затвор.
„Да држиш во зандана ваков благороден човек како Јане Ченто, во најмала рака е злосторство и многу лоша карма за Македонија!
Зошто Tатковината, како и во минатото, и сега си ги уништува најарните свои синови? Од кратката средба со Ченто, само ми се потврди тоа што го знам. Јане, иако е во затвор, тој е слободен, а ние поробените/окупираните, глумиме слобода“, напиша Јовановски на својата страница на Фејсбук.