Приватните автобуски превозници реагираат на вчерашната најава на министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, кој преку ТВ порача дека Владата има инструменти за отстранување на блокадите од страна на приватните превозници во Скопје.
„Ако некој мотивира насилство во демократска држава каде што протестите се уставно загарантирано право, тогаш тоа треба да загрижи многу фактори во и надвор држава“, изјави Ленин Јовановски за МИА.
Директорот на Слобода превоз, во изјава за МИА потсети дека протестите се законски најавени и дека ако мислат дека нешто е погрешно и можат да направат нешто, тоа нека го направат.
Автобусите на „Слобода превоз” и „Макекспрес” и денеска протестираат со блокади на три важни сообраќајни точки во Скопје.
Тие очекуваат решение за нивните барања, односно да се подмири или евентуално да се почне подмирувањето на долгот што Град Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие го има кон нив.
