Актерот Владо Јовановски во свој стил ги коментира резултатите од пописот.
„Македонци, ние кои сме запишани и вие кои не сте запишани, сите сме отпишани! (попишани).
И да, уште таква поделба ни требаше, бојкотирачи против небојкотирачи и обратно.
Уште има можност за поделби, сè уште не сме малцинство во сопствената земја.
Има време…!“, резигнирано констатира на Фејсбук еден од лидерите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.