Актерот Владо Јовановски јавно го прозва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по инцидентите на вечерашните протести против францускиот предлог за бугаризација на Македонија.

„Оливер Спасовски, ќе преземеш мерки за заштита на животот на мирните протестанти или ќе преземеш одговорност?

Ти не си обичен граѓанин, имаш одговорност по службена дејност.

Ако мислиш дека само за тоа што презимето ти е Спасовски, ќе се спасиш од одговорност, се лажеш.

Ќе одговараш, или на овој, или на оној свет!

Уште има време да се спасиш“, му порача еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ на првиот полицаец во државата.