„ Ние претпоставуваме дека ова не е последниот сет на мерки и дека ќе следат нови штом државата обезбеди дополнителни финансиски средства по пат на позајмување. Всушност, тогаш и ќе можеме да ја согледаме целината на мерките и неа соодветно да ја оцениме“ , вели Зоран Јовановски, екс-потпретседател на СДСМ, кандидат за престедател на оваа партија на внатрепартиските избори за шеф на СДСМ во 2013 и актуелен главен советник во НЛБ банка.

Вчера Владата го објави вториот сет економски мерки, а Јовеновски вели дека за да можат соодветно да се оценат, потребно е, најпрво да се видат пропратните уредби и објави во Службен весник во кои ќе бидат содржани сите конкретни детали за мерките.

„Очекуваме дека ќе бидат донесени и нови мерки#, вели Јовановски.

Доколку тоа не се случи, тогаш товарот од кризата во најголем дел ќе падне на приватниот сектор, вели Јовановским, според тоа што го пшренесува „Плусинфо“.