Контоверзните предлози на екс-премиерот Љубчо Георгиевски за надминување на спорот што ни го наметна Бугарија, предизвикаа лавина реакции во јавноста.

Дополнителни реакции предизвика телевизиска дебата на ТВ 24 со Петар Богојески, во која Герогиевски се опиша себе како личност кој секогаш кршела табуа во македонската политика, потенцирајќи дека за неговиот предлог бил мотивиран од, како што реше, опасноста да изгубиме нови 20 годин и во односите со Бугарија.

На ова реагираше и Зоран Јовановски, поранешен потпретседател на СДСМ.

Тој вели дека ако сака да ја толкува историјата, Георгиевски треба да ја раскаже и онаа која се однесува на продажбата на рафинеријата ОКТА. 

„Нема да мрднеме напред како општество додека не почнеме работите да ги кажуваме отворено и директно. Еве на пример, Љубчо Георгиевски и понатаму мртов ладен ни кажува што треба да правиме, ни ја толкува историјата… Не е тој крив што досега не му е дадена шанса да ја раскаже историјата за договорот со ОКТА“, напиша Зоран Јовановски на својот фејсбук профил.