По договорот со Алтернатива, апологетот на власта Ненад Јовановиќ со ново пофално слово за нему омилениот и никогаш непрежален Зоран Заев по неговата одлука да замине од функциите претседател на СДСМ и на Владата.
„Заев си оди, а пред да си оди, ја стабилизира Владата бројчано.
Зборува повторно за решавање на проблеми, зборува за пријателство и надеж.
Си оди оставајќи стабилна Влада со ист курс: Европа.
Си оди, а по него НЕМА потоп. Ако ви треба наравучение, вам ви го оставам“, објави Јовановиќ на Фејсбук.