Јовановиќ во одбрана на Заев: Постави дилема дали се Македонците вистински антифашисти

Политичкиот аналитичар близок на СДСМ Ненад Јовановиќ во обидот да го оправда премиерот Заев за своите ставови кон Бугарија вели дека граѓаните го потценуваат премиерот кој се обидел да го реши спорот со Софија.

Јовановиќ бранејќи го премиерот неочекувано поставува прашање дали ако Македонците се вистински антифашисти треба својот антифашизам да го користат за судир со Бугарија.

“Многу е глупаво да се потценува премиерот затоа што со сите сили се обидува да го неутрализира конфликтот и’ да го реши билатералниот спор со соседите. Во ред е тоа дека нашата државност почива на антифашизам, ама ако сме вистински антифашисти, тогаш треба заеднички да ги бараме точките на поврзување со Бугарија, а не нашиот антифашизам да го користиме како сретство за создавање на конфликт со другиот.

Од друга страна, ако играме со историски наративи, ќе видиме дека мноштвото Европски земји кои денес ја сочинуваат Европската Унија, односно во времето на 41-45 година на минатиот век, припаѓаа на Мусолини и Нацистичка Германија. И што да правиме со тоа?! Ќе речеме дека сите Европски земји се фашистички?”, прашува Јовановиќ кој е првата македонска јавна личност која поставила прашање – дилема дали Македонците се антифашисти.

Иако никој за сегашните Бугари не вели дека се фашисти тој тврди дека Бугарите денес не се фашистички народ како што според него, умно зборувал Заев.