„Проблемот со растечката сиромаштија во земјава веќе и претходно беше согледан. Потоа уследија повеќе сугестии и мерки таа да биде сведена во прифатливи рамки. Меѓутоа, ефектите изостануваат, со оглед на најновите бројки што идентификуваат конкретни показатели и состојби.“ – вели Дијана М.Младеновска во својата анализа со наслов „Кој е општествениот проблем што ги загрижува граѓаните најмногу?“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.
„Одамна согледан општествен проблем“
Младеновска пишува: „Вчера пред отворањето на собраниската дебата за ребаланс на буџетот, со кој, според министерот за финансии Фатмир Бесими, е насочена поддршка за граѓаните и за фирмите заради надминување на предизвиците, што ги донесоа новите светски кризи, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) објави резултати од анкета, според која граѓаните како најголем проблем во земјава ги посочуваат сиромаштијата и невработеноста.“
„Најважните проблеми со кои се соочува земјата се сиромаштијата и невработеноста (30 отсто) и корупцијата и криминалот (25,9 отсто). Во низата проблеми со кои се соочува земјата потоа следуваат економската ситуација (13,9 отсто) и иселувањето на младите (13,5 отсто).’ – се вели во заклучоците од истражувањето на МЦМС. Се наведува дека мнозинството испитаници (55,1 отсто) веруваат оти економијата ќе се влоши во следните две години.“
„Не станува збор само за мислења на граѓаните. Тоа го потврдува претходната објава на Државниот завод за статистика, според која, во 2020 година, речиси 452 илјади граѓани, или 21,8 процент од населението, живееле под прагот на сиромаштија. Ова покажува стремеж на зголемување во однос на 2019 година, кога тој процент изнесувал 21,6 отсто.“
„Пресретнување можна ескалација на состојбите!“
Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески бара државата веднаш да преземе мерки, кои би значеле пресретнување на можна ескалација на состојбите, што би можело да се случи следната зима. Тој се заложи за штедење од државата, граѓаните и од компаниите. ‘Државата се наоѓа во тешка ситуација. Тоа го повторувам изминатите шест месеци и барам сериозна акција околу тоа. Имаме неколку состојби, кои можат многу тешко да ја погодат економската активност, да дојде до затворање на компаниите и до намалување на работните места.’ – смета Азески.“
„Потребна е итна реакција.’ – предупреди Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии. ‘Македонската влада ќе мора да преземе мерки за да се справи со инфлацијата или, во спротивно, ќе се продлабочи сиромаштијата. Не е издржан аргументот дека нема пари во буџетот. Можеби не е во одлична форма, но има доволно за да се задоволат сите овие потреби.’ – истакна Јовановиќ.“
Интернет-врска до целата анализа: