Јовановиќ: И Бугарите се луѓе, предлогот на Макрон е во врска со војната во Украина

Анализа на апологетот на СДСМ Ненад Јовановиќ кој јавно призна дека на негово барање партијата на Заев му ја вработиле сопругата во државна фирма.



Изјавата е од пред три дена но се уште е актуелна.

,,Францускиот предлог го разбирам исклучиво во контекст на војната во Украина, па во таа смисла повеќе го тумачиме отколку што таму има нешто конкретно кое треба да се направи, освен тоа што Бугарите, се разбира, треба да влезат во Уставот на државата како малцински народ. Дополнително, Бугарите се луѓе, а не се само етницитет, па бидејќи се луѓе, тие имаат свои човекови права. Тие права можат да бидат остварени кога ќе влезат во Уставот на Северна Македонија. И тука нема ништо спорно”, вели во краток разговор за Локално аналитичарот Ненад Јовановиќ, по повод францускиот предлог за кревање на ветото на Бугарија за старт на почетокот на преговорите на С.Македонија со ЕУ.

Како што имаме седум малцински народи кои се влезени во Уставот, продолжува тој, може и треба да влезат и Бугарите.

Сепак потенцира и дека последицата од војната во Украина има за цел рушење на досегашната архитектура на надворешната политика, па со самото тоа се создаваат и дополнителни поделби во ионака поделената земја.