Политичкиот аналитичар близок до СДСМ, Ненад Јовановиќ, му сугерира на премиерот Зоран Заев да нема милост кон директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, кој не сака да ги прими 35. „рамковни“ предложени од првиот вицепремиер Артан Груби.

„Најдобро е Пауновски сам да си поднесе оставка, оти прво некој друг му создал систем во кој тој ќе биде возможен, а потоа однатре мава по оној што го создава системот. Држава е систем. Систем во изворно значење значи да ‘стоиме заедно’. Ако си одлучил да влезеш во систем, не маваш по моторот. Излези од системот доброволно, па мавај. Однатре е многу кукавички. Многу се пиздам кога директор – со амбиција за директорска вечера – сред бел ден мава на премиер на држава. Ништо, Зоране (!), стисни ги уште појако, набркај ги и донеси уште посилни луѓе на прави места! Иначе погрешна работа ќе ни биде ставена на прави места“, реагира Јовановиќ.