Скопје и Софија имаат уште многу проблеми за решавање, a Бугарија може да стави вето во било кое време, вели бугарската потпретседателка, Илијана Јотова.
Таа вели дека Бугарија требало појасно да ги објасни своите историски аргументи. Бугарската потпретседателка го спомена бројот на македонски граѓани кои поседуваат бугарски државјанства. Јотова, како што пренесе БНР, го информирала хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за резервираноста на Бугарија да даде зелено светло за почеток на преговорите на Македонија за членство во Европската Унија(ЕУ).
„Со оглед на пописот во Македонија, и со состојбата дека се издадени 95 илјади официјални документи за бугарско државјанство, мал број луѓе се дрзнаа да се попишат како Бугари“, изјавила Јотова.
Кажа дека ќе стават вето ако Договорот за добрососедство од 2017 година се покаже само како празен текст.
Во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ не го менува ставот и тие се против уставни измени, односно внесување на Бугарите во Уставот.
Инаку, премиерот Димитар Ковачевски вели дека уставните измени се неопходни.
Шефицата на Европската Комисија(ЕК), Урсула фон дер Лајен, деновиве при посета на Скопје изјави дека политичарите треба да го остварат сонот на младите да бидат дел од Европската Унија(ЕУ).