Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци реплицира на барањето факти од некогашниот премиер Љупчо Георгиевски за „учителот во бугарско училиште во Република Македонија“ Гоце Делчев.

„Љубчо бара факти. Пошто он е саде полн – факти, онакви од типот ,,Гоце беше учител во бугарско училиште во Република Македонија”.
Муабет ко у кафана пред затворање, на најпијаното, кога те бркаат и келнери више од што си досаден и никој више не ти дава да продолжиш да пиеш.

Али, битно он бара факти. 
Ок, ај со факти.
Во тоа време не постои РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Постои територија Македонија, под окупација. А, кога некој е под окупација и се бори за автономна Македонија, не може баш да отвора училишта на македонски јазик пошто не му даваат окупаторите и нивните сојузници, нали војводо, мори, војводо ? Поентата им е да те асимилираат, не да ти дадат држава и јазик. А, сепак некаде тој народ морал да учи и да работи“, напиша Јоци на Фејсбук.